MK  |   SQP  |   EN
ДОМА   |    МАПА   |   КОНТАКТ

 



Веледрогерија Др. Пановски, Лого

БАРАЈ    

набавка на лекови
формулар медицина формулар медицина

 



АД „Д-р Пановски“ - Лабораториска Дијагностика

Секторот Лабораториска дијагностика е одговорен за промоција, маркетинг и продажба на современа апаратура за ин-витро дијагностика, реагенси и медицински помагала од областа на Биохемијата, Хематологијата, Имунодијагностиката, Имунохематологијата, Трансфузиологијата и Микробиологијата.

Активно учествува во организирање на презентации, стручни состаноци, секции и работилници поради подобро запознавање на крајните корисници со производите, едукација за нивна правилна употреба и континуирано следење на процесот на правилна употреба.

Секторот е задолжен за регистрација на медицинските помагала како и подготовка на тендери и понуди за апаратура и медицински помагала во согласност со законската регулатива.

Исто така активно ја спроведува политиката на ИМС и континуирано се залага за подобрување на истата.

Секторот Лабораториска дијагностика, обезбедува комплетна корисничка поддршка на крајните корисници на современа дијагностичка апаратура и соодветни медицински помагала од типот на:

• Автоматски биохемиски анализатори
• Автоматски имуно анализатори
• Автоматски хематолошки бројачи
• Анализатори за одредување на седиментација на еритроцити
• Анализатори за одредување на гликолизиран хемоглобин
• Автоматски читачи на тест ленти за урина
• Анализатори за дијагностика на цистична фиброза
• Автоматски ЕЛИСА процесори
• Автоматски екстрактори на крвните компоненти
• Апарати за стерилна конекција
• Автоматски системи за идентификација и осетливост на микроорганизми
• Автоматски системи за хемокултури
• Автоматски системи за скрининг на бактериски инфекции на уринарен тракт
• Затворен ситем за земање крв
• Кеси за крв
• Филтри за леукодеплеција

Високо стручниот и професионален тим на овој сектор секогаш е ориентиран кон потполно задоволување на потребите и барањата на крајните корисници.

 


Галерија
 




Политика за Квалитет
Политика за Квалитет

Прашајте Експерт

ДОМА   |   ФАРМАЦИЈА    |   МЕДИЦИНА    |   ЛАБОРАТОРИСКА ДИЈАГНОСТИКА    |   ЛОГИСТИКА    |   МЕДИЦИНСКА АПАРАТУРА    |   ЗА НАС    |   КОНТАКТ

(c) Copyright 2009 - Dr. Panovski, All Rights Reserved. Designed by Vertigo NME.