|
АД „Д-р Пановски”, во својата организациона структура има оформено и развиено Сектор за Логистика, кој во својот домен на делување се грижи за набавка, прием и складирање на лекови, помошни лековити материи, медицински помагала и опрема. Покрај тоа оваа служба е задолжена и со сите пропратни активности на царинење, подготовка за испорака, дистрибуција и одржување на производите и основните средства на компанијата.
Складирање на лекови
- АД „Д-р Пановски” располага со повеќе од 2500 м2 најсовремено опремен магацински простор кој во целост ги задоволува барањата на Добра пракса GSP (Good Storage Practice) во чување на лекови.
Опремата во магацинскиот простор вклучува рафтови, метални шкафови, сефови, фрижидери, комори, термометри, мерачи на влажност и уред за алармирање на промените во температурата во коморите и фрижидерите. Температурата и влажноста во магацините и во коморите се мери и снима непрекинато, така што овозможува редовни прегледи и контрола на магацинските услови.
Коморите и компјутерите се поврзани со агрегат на нафта кој го овозможува нивното непречено работење во случај на прекин на електричната енергија.
Дистрибуција на лекови
- АД „Д-р Пановски” има развиено широка дистрибутивна мрежа за снабдување до лекови на сите здравствени организации во Македонија. Дистрибуцијата на лекови се врши според барањата на Добра пракса во дистрибуција GDP (Good Distribution Practice) со современи транспортни средства. Лековите кои бараат посебни услови за чување се пакуваат заедно со мерачи на температура и се дистрибуираат со комбе-ладилник.
|